Куртинаитис е новиот селектор на Литванија, ќе дебитира против Македонија

Римас Куртинаитис е назначен за нов селектор на машката кошаркарска репрезентација на Литванија. На клупата на Литванија тој ќе дебитира во ноември на натпреварите против Македонија во квалификациите за ЕП 2025 година, јавува денеска Баскетњуз.


Куртинаитис ќе го замени Казис Максвитис како селектор на Литванија, кој поднесе оставка во јули откако не успеа да се квалификува за Олимписките игри (ОИ) во Париз.

Куртинаитис (64) беше назначен за тренер на Сабах на почетокот од годинава, а претходно ги водеше Вулвс, Химки, Лиетувос Ритас, Канту, Рига, Сласк, Сакалаи, Урал и Гала Баку.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО