Култхард како подвижна атракција: Возеше Ф1 болид, сега вози трамвај во Сараево

Некогашниот британски возач во Формула 1, Дејвид Култхард, деновиве беше присутен во Сараево во склоп на Ред Бул гостувањето во БиХ.

Култхард допатува во Сараево за евентот кој го организира Ред Бул, кој го носи името „Showrun“, кој до недела ќе се оддржува во главниот град на БиХ.

Со оглед н а тоа дека има слободно време, неговиот авантуристички дух не му даде мир. Тој влезе во трамвајот со ознаките на Ред Бул и така приреди големо изненадување за присутните патници.

Но тоа не е се, популарниот Дејвид Култхард го замени возачот на трамвајот и се испроба во една нова улога, се разбира откако доби упатства за управување во сообраќајот. Неговите возачки вештини во болидите од Ф1 се познати, но одлично се снајде и во трамвајот.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО