Репрезентативецот на Шпанија, Марк Кукуреља, в пресрет на денешното финале со Англија на ЕП, верува дека може да го запре напаѓачот на Англија, Букајо Сака. Двајцата играат во Премиер-лигата и навистина одлично се познаваат.
– Знам како игра Сака. Навистина нема потреба да гледам многу видеа бидејќи обично ги гледам сите натпревари на Арсенал. Тешко е да се браните од него но, ми се допаѓа тој вид на предизвик – вели играчот на „Фуријата“.
– Ако доминираме со топката и притиснеме силно, мислам дека ќе имаме многу голема шанса за победа – потенцираше играчот на Челзи.