Крос состави свој „дрим-тим“: 11-ка на сите времиња од изборот на Тони

Германската легенда Тони Крос ја претстави својата идеална стартна постава составена од фудбалери кои, според него, го обележале спортот. Во неговиот избор се најдоа голем број поранешни соиграчи, но и легенди на светскиот фудбал.

Во составот на Крос како голман е Мануел Нојер, а дефанзивната линија ја сочинуваат Марсело, Филип Лам, Серхио Рамос и Паоло Малдини. Средниот ред е резервиран за Лука Модриќ, Зинедин Зидан и Роналдињо, додека во нападот се најдоа Лионел Меси, Кристијано Роналдо и Роналдо Назарио.

Крос го избра Карло Анчелоти како идеален тренер за водство на овој „дрим-тим“, а за изведувач на пенали го назначи Кристијано Роналдо.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО