Крос се враќа во репрезентацијата на Германија

Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Тони Крос го потврди враќањето во репрезентацијата на Германија пред Европското првенство (ЕП) летово.

Крос (34) рече дека селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман, побарал од него да се врати во националниот тим за репрезентативната пауза во март. Германија ја очекуваат две пријателски средби против Франција, на 23-ти и со Холандија на 26 март.

Крос на Инстаграм објави: „Во март повторно ќе играм за Германија. Зошто? Бидејќи ме замоли селекторот (Јулијан Нагелсман). Расположен сум и сигурен сум дека на Европското првенство тимот може многу повеќе отколку што повеќето веруваат во моментов“!

По ЕП 2020 година, Крос направи пауза од меѓународниот фудбал за да му даде приоритет на семејството со кое сака да минува повеќе време, како и да се осигура дека може да го одржи високото ниво на игри во Реал Мадрид.

Крос има одиграно 106 натпревари за Германија и беше клучна фигура во тимот што триумфира на Светското првенство (СП) 2014 година. Крос беше прогласен за играч на полуфиналниот натпревар против Бразил (7:1), а во финалето против Аргентина (1:0) ги одигра сите 120 минути.

Тој беше избран во најдобриот тимот на турнирот за ЕП 2016, во кое Германија во полуфиналето загуби од Франција со 0:2.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО