Лоши вести за Луческу: по два срцеви удари во критична состојба

Романската фудбалска легенда Мирчеа Луческу се соочува со сериозна здравствена криза откако доживеал срцев удар, а неговата состојба дополнително се влошила во изминатите денови.

80-годишниот стратег првично бил хоспитализиран по колапс за време на тренинг, по што лекарите му дијагностицирале сериозни срцеви проблеми. Само ден по неговата оставка од селекторската функција, Луческу доживеал акутен инфаркт додека бил во болница.

Според последните информации од романските и европските медиуми, ситуацијата се искомплицирала – тој претрпел и втор срцев удар во краток временски период и бил префрлен на интензивна нега.

Најновите извештаи укажуваат дека неговата состојба е критична и дека не реагира добро на терапијата, поради што лекарите го ставиле под постојан надзор во одделението за интензивна нега.

Иако претходно имаше информации дека е стабилен, развојот на настаните покажува дека здравствената состојба на искусниот тренер нагло се влошила, што предизвика загриженост во фудбалската јавност.

Луческу важи за една од најголемите тренерски имиња во Европа, со богата кариера во клубови како Интер, Шахтјор и Галатасарај, како и долгогодишен ангажман во романската репрезентација.

Фудбалскиот свет со нетрпение очекува нови информации за неговата состојба, надевајќи се на позитивен исход.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО