Кошаркарските младинци со тежок пораз од Шпанија го почнаа ЕП

Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години забележа убедлив пораз од Шпанија со 93-38 на стартот од Европското младинско првенство кое се одржува во Полска.

Во првите две четвртини од натпреварот бевме едноцифрени, во првата постигнавме девет поени, а во втората само четири. Во вториот дел од полувремето бевме порамноправни, особено во последниот период кој им припадна на Шпанците со 18-14. Но, тоа се должеше на веќе обезбедената нивна победа, па ја тргнаа педалата од гас.

Најефикасен во македонската репрезентација беше Бошалески со седум поени, по шест постигнаа Шошкиќ, Јовановиќ и Луканоски.

Денеска од 20:30 часот го играме вториот меч на Европското првенство, противник ни е Турција.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО