Легендарниот шпански голман Икер Касиљас го прогласи Ламин Јамал за најдобар играч на ЕП.
-Јамал е празник за очи. Сите ние кои сме биле фудбалери малку му завидуваме на неговиот придонес и учеството во играта. Јамал е многу добро подготвен, на теренот делува елегантно и веќе има фудбалско знаење што воопшто не е лесно и тоа го прави најдобар играч, вели Касиљас.
Јамал во моментов е прв кандидат за признанието за најдобар играч на Европското првенство и многу веројатно ќе ја добие наградата ако Шпанија стане првак.
Во таков случај ќе стане и најмлад фудбалер во историјата кој добил вакво признание на големите натпреварувања.