Копа Америка: САД пред елиминација, Уругвај убедлив

Натпреварите на Копа Америка се во полн ек. Големо изненадување направи Панама, која славеше против САД, 2:1 и со тоа ги доведе до работ на испаѓање. САД ја победија Боливија во првиот меч, па им одговараше и реми против Панама иако беа огромни фаворити. Но им се случи најлошото, загубија.

Тимоти Веа доби црвен картон во 18 минута, но САД четири минути подоцна поведоа преку Балогун и се чинеше дека ќе немаат проблеми ниту со играч помалку. Сепак, Блекман во 26 минута израмни  на 1:1.

Второто полувреме им донесе многу проблеми на САД, што кулмиираше во 83. минута, кога Фахардо постигна гол за 2:1 за неочекуван пораз на Американците кои во последното коло во групата ја ќе играат против Уругвај за пласман во четвртфиналето. Панама ќе игра против Боливија.

Во вториот натпревар од групата, Уругвај ја победи Боливија со убедливи 5:0. Веќе по 21 минута на семафорот стоеше 2:0, кога Пелистри и Нуњез ја погодија мрежата. Во 77. минута Араухо зголеми на 3:0, а четири минути подоцна Валверде зголеми на 4:0. Конечните 5:0 ги постави Бентакур во 89. минута.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО