Антонио Конте ги прифатил условите што му ги понудил Милан и од следната сезона ќе седне на тренерската клупа на гигантот од Сан Сиро, пренесуваат италијанските медиуми.
Конте е без работа откако го напушти Тотенхем во пролетта минатата година, а во меѓувреме го одби Наполи.
Тој е играчка и тренерска икона на торински Јувентус, клубот со кој освои 18 титули во двете улоги. Тој треба да се врати во Милан каде што работеше како тренер од 2019 до 2021 година.
Со Интер, градскиот ривал на Милан, тој го освои италијанското првенство и играше во финалето на Лига Европа (ЛЕ).
Во богатата тренерска кариера Конте го предводеше Челси до шампионската титула во Премиер лигата, а беше и селектор на Италија, од 2014 до 2016 година.
По заминувањето од Тотенхем тој одби неколку понудени ангажмани, поради, како што изјавуваше, потребата да се одмори и да ужива со своето семејство.
Тој ќе го замени Стефано Пиоли, кој е под голем притисок. Милан, шампионот од 2021/22-та, се наоѓа на третото место на табелата во Серија А со осум бода помалку од лидерот, градскиот ривал Интер.