Медиумите во Италија објавија дека фудбалскиот тренер, Антонио Конте се договорил со луѓето од Наполи за плата и бонуси. Според весникот – „La Repubblica“, 54-годишниот специјалист ќе добива 9 милиони евра по сезона и бонус од 1 милион доколку го освои Скудетото.
Во текстот се наведува дека преговорите биле успешно финиширани и сега ќе се работи на евентуални нови имиња. Се очекува Наполи во наредните денови да го официјализира ангажманот на Конте.