Ракометната репрезенација на Македонија, успеа да дојде до уште едно Светско првенство, откако денеска ја совладаа репрезентацијата на Фарски Острови со 34:26.
Иако од првиот натпревар имавме негатива од седум голови разлика, во „Борис Трајковски“ во реваншот сето тоа беше надополнето и беше ставен печат на уште еден пласман на Мундијалите.
Ова за нашата репрезентација ќе биде деветти настап на СП, дури по седми пат во низа, што е јасен показател дека во Македонија има потенцијал за овој спорт.
Очигледно дека емоциите беа силни кај сите во репрезентативниот табор, играчите, селекторот, помошниците и дел од луѓето од РФМ, прославија по натпреварот во соблекувалните.
По сето ова, следува жрепката за СП, која ќе се оддржи на 29 мај.