Клубот на Владо Илиевски продава играч директно во НБА

Хрватскиот кошаркар Карло Матковиќ кариерата ќе ја продолжи во САД.

Според хрватските медиуми, Матковиќ е во напредни преговори со Њу Орлеанс Пеликанс кои ги имаат правата на неговиот договор.

Тимот од Њу Орлеанс може веднаш да го испрати Матковиќ во Г-лигата каде ќе се подготвува за следната сезона,а би можело и веднаш да го „фрли во оган“ и да заигра во НБА по неговото пристигнување во САД.

Карло сезонава во АБА лигата има просек од 15,3 поени, 6,9 скока и 2,9 блокади по натпревар.

Евентуалното заминување на Матковиќ во НБА лигата на Цедевита Олимпија би и донело добри пари од обештетување. За потсетување спортски директор на клубот е нашата кошаркарска легенда Владо Илиевски.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО