КК Црвена Звезда и Саша Обрадовиќ се разделија

Црвена Звезда донесе одлука да ја прекине соработката со тренерот Саша Обрадовиќ по елиминацијата од Партизан во полуфиналето на АБА лигата.

Според српските медиуми, иницијативата за смена на Обрадовиќ започнала по силниот притисок од навивачите, а раководството на клубот на утрински состанок го потврдило неговото заминување.

Како главни причини се посочуваат разочарувачкото 10. место во Евролигата, како и новиот неуспех во регионалното натпреварување, каде тимот остави впечаток на недоволно компактна екипа.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО