Францускиот тенисер Ришар Гаске, неодамна го спореди Новак Ѓоковиќ со Мајкл Џордан во кошарката, а Ник Кирјос на тоа имаше интересна исправка.
Тој не само што повторно го пофали Ѓоковиќ, дека е на едно нестварно ниво, па наместо Џордан, на Гаске му порача дека Ѓоковиќ е всушност како Леброн Џејмс.
– Освен Ѓоковиќ кој освојува гренд слемови на 38 години, дали тоа сме го виделе во бико кој спорт? Освен можеби Мајкл Џордан, Меси игра во Мајами, останатите во С.Арабија, а тој е светски број1. Не можам да си објаснам од каде таква сила и мотивација на тие години, тој е навистина како Џордан, порача Гаске во интервју за Лекип.
На тоа Ник Кирјос одговори со исправка кон Гаске:
– Не, Ѓоковиќ е повеќе како Леброн Џејмс, тој тоа го прави и на 40 години, Џордан застана порано и не беше така доминантен, но Леброн да!, порача Кирјос.