Кирјос: Доведен е во прашање интегритетот на нашиот спорт

Тениското тело за интегритет соопшти дека Ига Швјонтек добива едномесечна забрана за играње тенис поради допинг, а бидејќи оваа казна воопшто нема да ја одлежи поради фактот што не се игра тенис во овој период од годината, Кирјос уште еднаш ја потенцираше лошата слика која се остави за тенисот од играчите кои беа најдобри во најголем дел во сезоната која измина.

– Двајцата светски рекети број еден се најдоа во големи допинг скандали и тоа е грозно и ужасно за тенисот. Нашиот спорт изгледа многу лошо во очите на останатите.

Според мене, доведен е во прашање интегритетот на тенисот како спорт. Синер за својот тим кој самиот го избрал плаќа илјадници евра месечно, а сега ние треба да им веруваме дека никој од нив не знаел за недозволената супстанца која ја внел во телото?

За мене тоа е неприфатливо. И јас можев да користам недозволени супстанци за побрзо да се вратам на теренот, но не го забрзав процесот и не правев такво нешто. Знам дека многумина не ме сакаат кога коментирам вака директно, но јас секогаш сум отворен и искрен во тоа што го кажувам, – вели Кирјос.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО