Килде по тешката повреда: Прерано е да се каже дали ќе скијам како порано

Норвешкиот скијач Александар Омод Килде, кој тешко се повреди пред три недели при падот на спуст трката во Венген, Швајцарија, изјави дека не се знае кога повторно ќе може да се натпреварува и дали ќе може повторно да скија на највисоко ниво.

– Ситуацијата околу мојата повреда е нејасна. Уверен сум дека ќе се опоравам, прашање е само колку време тоа ќе потрае. Сè уште е рано да се каже дали ќе можам да скијам на истото ниво како порано и дали повторно ќе победувам, изјави Килде (31), севкупниот победник на Светскиот куп во 2020 година, на виртуелната прес-конференција.

Килде на последниот свиок пред целната рамнина со голема брзина налета на заштитната шина и се здоби со длабока расекотина на потколеницата, а го измести и рамото.

Тој моментално се опоравува во Инсбрук, Австрија со својата партнерка, најдобрата светска скијачка Микаела Шифрин. Таа пак го повреди левото колено пред една недела на спустот во Кортина д’Ампецо, Италија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО