Кикс на Франција – Швајцарците одиграа херојски до бод

Репрезентацијата на Швајцарија вечерва приреди изненадувачки резултат на ЕП, играјки нерешено против фаворизираната Франција (26:26) и покажа како треба да се одигра против големите екипи на големите турнири.

Со овој резултат на натпреварот Швајцарија – Франција, ќе биде неизвесен исходот од оваа група, а Македонија вечерва од 20:30 треба да го одигра својот втор меч на ЕП против домаќинот Германија.

Слободно може да се констатира дека Швајцарија одигра херојски, го респектираше противникот, но не им ја остави фаворитската улога на терен и тоа им донесе многу добар резултат.

На полувреме од оваа средба резултатот беше изедначен (14:14), а во такво темпо се одвиваше и вториот дел, каде не видовме некоја поголема разлика, односно во еден период од мечот, Франција имаше +4, но Швајцарија некако успеваше да остане во егал до самиот финиш и да освои голем бод.

Лаубе од Швајцарија со девет погодоци беше најефикасен ракометар на натпреварот, додека во таборот на Франција најдобар беше Дика Мием со седум голови.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО