Иако деновиве беше најавено дека Барселона нема да го продолжи договорот со Американецот, сепак, новите информации велат нешто сосема поинакво.
Пантер изјави дека е задоволен од престојот во Шпанија и рече дека би сакал да ја продолжи соработката за уште две или три години, па сега останува да реагира управата на Каталонците.
– Одлично се чувствувам во Барселона, навистина би сакал да останам тука уште неколку години. Размислувал долго на оваа тема, си поставив одредени прашања, но сфатив дека тука сум навистина среќен.
Почнав во Грција, а сега играм за гигант како Барселона. Тоа покажува дека мојата работа не била залудна, па би било лудо да се откажам сега од мојот сон. Секогаш се трудам да напредувам, така ќе остане и во иднина, заклучи одличниот плејмејкер.