Трикратната грен слем шампионка, 36-годишната Германка, Анџелик Кербер изјави дека ќе се повлече од тенисот по Олимписките игри (ОИ) во Париз.
Кербер е поранешен светски рекет број еден која ги освои титулите на Австралија опен и на САД опен во 2016, а две години подоцна триумфира на Вимблдон.
Таа се натпреваруваше на ОИ во Рио 2016 година и освои сребрен медал, откако беше поразена од Порториканката Моника Пуиг во финалето. На Игрите во Токио не настапи.
„Крај. Пред почетокот на Игрите, можам да кажам дека никогаш нема да го заборавам Париз 2024, бидејќи тоа ќе биде мојот последен професионален турнир како тенисерка“ напиша Кербер на социјалните мрежи.