Кејн за рекордот на Левандовски: Можно е, треба да дадам уште неколку голови

Хари Кејн се насочи кон рекордот на Роберт Левандовски за најмногу голови во Бундеслигата во една сезона, откако вчера постигна два гола во победата од 2:1 против Ајнтрахт Франкфурт.

Кејн има 42 гола оваа сезона во сите натпреварувања, а исто така ја мина границата од 400 гола во профедионалниот настап за неговите клубови и за репрезентацијата на Англија.
30-годишниот фудбалер оваа сезона постигна 35 гола на 31 натпревар во Бундеслигата, шест помалку од рекордот на Левандовски, 41 во 2020-2021 година.
Запрашан за можноста за рушење на рекордот на преостанати три натпревари во од сезоната во дресот на Баерн, Кејн рече:

-Можно е, но очигледно е дека морам да продолжам да постигнувам голови. Можеби ќе треба да постигнам неколку гола следната недела. Тоа зависи од последните неколку натпревари. Се разбира, беше убаво да го дополнам мојот број на голови и да му помогнам на Баерн да победи, рече Кејн.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО