ФИФА размислува за промена на правилата за офсајд се со цел атрактивност и поголема ефикасност. Според новото правило, офанзивниот играч би бил во офсајд доколку целото тело му е поблиску до последниот одбранбен играч.
Новото правило, доколку се усвои, може да донесе подобрување и уште поголема популаризација на фудбалот. ФИФА даде зелено светло, а новото правило ќе биде тестирано во многу пониски лиги низ светот.