Некогашниот кошаркар на Партизан, Жофри Ловерњ, меѓу редови кокетира со Партизан и најавува дека сака повторно да го облече дресот на белградскиот клуб.
Партизан сезонава на чело со Обрадовиќ, го промени целосниот кадровски изглед и сезонава иако со нови сили, се назад од она што се очекуваше од нив, но по последните три кола (три победи), како да фаќаат залет кон врвот.
Партизан сериозно заостанува, а вечерва го пречекуваат составот на Панатинаикос, актуелниот шампион на Евролигата. Евентуално и овде ако остварат победа (четврта во низа), ќе може да се заклучи дека Партизан иако се уште во негатива, се враќа во битка за врвот.
Во меѓувреме, во последното свое интервју, Ловерњ откри дека контактирал со клубот и дека ги известил дека сака да се врати во Партизан.
- Да, разговарав со луѓето во Партизан, им реков дека сакам назад. За сега, нема некој голем интерес од нив за оваа опција, но ќе видиме, се може да се промени, порача Ловерњ.
Неговиот договор со АСВЕЛ истекува на крајот од сезоната и дури тогаш е реално да се очекува дека тој може да го облече дресот на Партизан.
Клубот од Белград е се подобар финансиски и ќе може да си ја дозволи платата на Ловерњ, а навивачите во меѓувреме ќе стискаат палци дека тоа може да се случи.