Карлос Алкараз доби „засилување“ пред денешното финале со Ѓоковиќ

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз, ќе има помош од својот тренер Хуан Карлос Ферер за финалето попладнево на Олимписките игри.

Фереро не беше присутен на ОИ досега, но вчера допатува и ќе му биде од помош на шпанскиот тенисер, кој ќе игра за златен медал во Париз.

За време на турнирот, во боксот на Карлос Алкараз, беше Давид Ферер, селекторот на Дејвис куп репрезентацијата на Шпанија. Тука исто така беа и Самуел Лопез, тренерот на Пабло Карења Бусто.

– Им благодарм на сите кои дојдоа да ме поддржат, им благодарам на сите шпански навивачи и што ме поддржуваат на малите екрани од дома. Ќе дадам се од себе за да ги израдувам со злато, порача Карлос Алкараз.

Да потсетиме, досегашниот меѓусебен скор на овие двајца тенисери е 3-3, така да кој ќе освои злато, ќе поведе во серијата.

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО