Карлингот останува дел од ЗОИ 2030 и 2034 година

На 142-та сесија на ИОК во Париз, Француските Алпи беа избрани за домаќини на Зимските олимписки (ЗОИ) и Параолимписки игри (ПОИ) 2030-TA, а Солт Лејк Сити, Јута ќе биде домаќин на ЗОИ и ПОИ 2034 година.

Меѓу спортовите кои беа разгледувани дали ќе останат дел од ЗОИ, карлингот беше потврден како задолжителен дел од програмата на Игрите во 2030 и 2034 година.

Бо Велинг, претседател на Светската карлинг федерација, го изрази својот ентузијазам за вклучувањето на карлингот во програмата и на двете ЗОИ.

– Ние сме апсолутно воодушевени што карлингот продолжува да биде основен спорт во олимписката и параолимписката програма. Признавањето како клучни партнери во олимпиското движење го одразува растот на нашиот спорт и сигурноста на нашите првенства од нашето повторно воведување во 1998 година, рече тој.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО