Михаела Мишовска ќе се бори за злато на ЕП во карате во Задар

Македонската каратистка Михаела Мишовска на вториот ден од Европското првенство (ЕП) во карате за сениори што се одржува во Задар, Хрватска, по четири извонредни мечеви се пласираше во финалето во борби во категоријата до 50 килограми.

Во првиот меч против репрезентативката на Италија, Петфето Ерминија, Михаела победи по резултат 7:7 со постигнато водство со СЕНШУ (прв освоен поен). Втората победа ја избори над репрезентативката на Грузија, Васаде Мариами, со резултат од 5:4. Во третиот меч славеше против Амос Корал од Израел со судиско изјаснување по резултат 2:2.

За влез во финалето Михаела славеше убедлива победа над Тзилиа Елени од Грција со 4:1. Во финалниот меч нашата каратистка за златото ќе се бори со домашната натпреварувачка, хрватската репрезентавка и неколку кратна освојувачка на медали, Ема Сгардели.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО