Голманот на Манчестер Сити, Стефан Ортега, доби пофалба од легендарниот, Џејми Карагер. Тој на вчерашниот меч со Тотенхем влезе на местото на Едерсон и веднаш успеа да одбрани опасен шут на Сон Хенг- Мин.
Токму во моментите кога домашниот фудбалер излезе сам пред Ортега, малдиот чувар на мрежата на Сити одреагира фантастично и спречи погодок.
-Ортега го гледам за најдобар играч на натпреварот. Врз основа на прикажаното, тој во суштина им ја освои титулата. Навивачите на Арсенал ќе го паметат тој момент на Сон за пет, десет, петнаесет години, – изјави поранешниот играч на Ливерпул.