Капитенот на Војводина го бодреше Партизан – клубот веднаш го суспендираше

Фудбалскиот клуб Војводина го суспендираше капитенот Филип Малбашиќ, бидејќи ги бодрел кошаркарите на Партизан на натпреварот со Ефес во четвртокот вечерта.

Фотографии од капитенот на Војводина брзо се раширија на социјалните мрежи, најпрвин фановите на клубот беа револтирани, а потоа и клубот реагираше со суспензија.Малбашиќ не е во протоколот за денешниот натпревар со Јавор.

И челниците на новосадскиот клуб не се задоволни од игрите кои Малбашиќ ги пружа во последно време, што само ја зацврсти нивната одлука да се откажат од услугите на искусен фудбалер.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО