Капитенот на Реал донел голема одлука: Ќе ви ја соопштам по финалето во ЛШ

Капитенот на фудбалерите на Реал Мадрид, Начо Фернандез, истакна дека по финалето во ЛШ во сабота, ќе соопшти дали и следната сезона ќе игра за кралскиот клуб.

34 годишниот Начи е член на Реал од 2001 година, а за првиот тим одигра 363 натпревари во кои постигна 16 погодоци.

Поедини медиуми во Шпанија објавија дека капитенот на Реал на крајот од сезоната би можел да се пензионира или пак, да ја промени средината каде ќе игра. Тој има договор со Реал до 30. јуни годинава.

– Што се однесува до мене, веќе донесов одлука што ќе правам, но сега не е вистински момент за тоа. Веќе освојував ЛШ, бев и шампион на Европа со младата селекција на Шпанија. Ништо не може да ја промени мојата одлука, која ќе ви ја соопштам по финалето во ЛШ, истакна Начо Фернандез.

Реал Мадрид во сабота на „Вембли“ ќе се судри против Борусија Дортмунд, во битка за уште еден трофеј во Европа, што би ги направил уште поголеми во историјата.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО