КАН го доби најстариот хет-трик стрелец во историјата

Фудбалската репрезентација на Екваторијална Гвинеја победи во Абиџан против Гвинеја-Бисао со 4:2, во натпреварот од второто коло од групата А на Африканскиот куп на нации.

Во 21. минута стрелец за Екваторијална Гвинеја беше Емилио Нсуе, а неговиот соиграч Естебан Орозко израмни со автогол во 37. минута.

Нова предност на Екваторијална Гвинеја донесе Хозете Миранда во 46. минута, а потоа Нсуе постигна два гола во 51. и 61. минута.

Нсуе (34) исто така испиша историја и стана најстариот фудбалер кој постигнал хет-трик во групната фаза на Африканскиот куп на нации.

Интересно е што три гола од еден играч на еден натпревар во ова натпреварување не се видени од 2008 година.

Конечниот резултат беше поставен во третата минута од судиското надополнување кога стрелец на голот беше Зе Турбо.

Екваторијална Гвинеја е прва во групата А со четири бода, додека Гвинеја Бисао е последна без бод по два порази.

Во вториот натпревар во таа група од 18 часот играат домаќините на натпреварувањето Брегот на Слоновата Коска и Нигерија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО