Тиаго Мота ќе биде новиот тренер на Јувентус, објави Фабрицио Романо. Мота кој направи „бум“ со Болоња сезонава во Серија А, речиси сигурни ќе го наследи Масимилијано Алегри на клупата на „старата дама“. Денеска се очекува средба меѓу раководството на Јувентус и Мота, чиј договор со Болоња истекува летово.
На него се очекува претседателот Џои Сапуто да му го претстави на младиот стручњак тригодишниот план со инвестиции од над 100 милиони евра и ветување дека ќе ги задржи најдобрите играчи во тимот.
Бразилецот со италијански пасош објави дека сака да ја продолжи кариерата во Јувентус и наводно веќе се согласил на тригодишен договор и за плата од пет милиони евра по сезона.
„Старата дама“ исто така ќе треба да побара и да донесе неколку квалитетни засилувања со кои тренерот ќе сака да соработува. Торинскиот гигант е насочен кон голманот на Монца, Микеле ди Грегорио, дефанзивецот на Болоња, Рикардо Калафиори и играчот од средниот ред на Аталанта, Копмајнерс.