Јувентус рутински до бодовите против новиот прволигаш

Јувентус пред своите гледачи го совлада новиот прволигаш, Комо со 3:0, во првото коло од новата сезона во Серија А.

На овој меч дебитираа двајцата тренери, на „старата дама“, Тиаго Мота, кој минатата сезона ја предводеше Болоња до Лигата на шампионите (ЛШ), и Сеск Фабрегас, на клупата на Комо, кој по 21-годишна пауза повторно е во Серија А.

Головите ги постигнаа Самуел Мбангула (23-та), Тимоти Веа (45+1) и Андреа Камбијасо (90+1). Мечот сигурно ќе го мапети Мбангула, 20-годишниот белгиски крилен напаѓач кој четири години е член на Јувентус, но ова беше негово деби за првиот тим. Американецот Веа е член на клубот од минатото лето, кога пристигна од Лил.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО