Јувентус му го „украде“ Кабал на Интер

Јувентус успеа да го ангажира Хуан Кабал. Трансферот е потврден вечерва на официјална веб-страница на клубот. Иако Кабал беше на чекор до договор со Интер, „Старата дама“ успеа да го премисли и се договори со него за договор од 12 милиони евра, вклучувајќи бонуси кои ќе ги добие неговиот досегашен клуб, Верона. Се очекува Кабал да ги помине медицинските прегледи оваа недела.

Пред само неколку часа, повеќе извори беа уверени дека „нероаѕурите“ имаат се под контрола, со понуда од 10 милиони евра плус бонуси и одлични лични услови договорени со Колумбиецот. Сепак, Јувентус попладнево влезе во игра и брзо постигна договор и со клубот и со агентот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО