Јуве ја спушта цената за трансфер на Киеза

Откако новиот тренер на фудбалерите на Јувентус, Тиаго Мота, го стави Федерико Киеза на списокот за трансфери, весникот  „Калчомеркато“ излезе со објава дека „старата дама“ за неговиот потпис ќе бара најмалку 15 милиони евра.

Тоа е речиси половина од сумата која беше одредена за трансфер на напаѓачот на почетокот од летово и се движеше до 30 милиони евра.

Познато е дека Киеза влегува во последната година од договорот и оти Јуве ќе мора да го продаде за да добие какво, такво обештетување.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО