Јунајтед ќе плати 40 милиони евра за Зиркзе

Холандскиот напаѓач Џошуа Зиркзе е пред трансфер во Манчестер јунајтед бидејќи Милан, главниот конкурент за играчот на Болоња е заинтересиран за Англичанецот од Рома, Тејми Абрахам.

Британски „inews.co.uk“ пренесува дека „црвените ѓаволи“ се подготвени да одвојат 34 милиони фунти (околу 40 милиони евра) за 23-годишниот фудбалер.

Зиркзе, производ на младинската школа на Баерн, одигра одлична сезона во црвено-синиот дрес, заврши на петтото место во италијанското првенство и се пласираше во Лигата на шампионите.

Тој одигра 34 натпревари во Серија А, постигна 11 гола и забележа пет асистенции

Сонародникот на Зиркзе и менаџер на Јунајтед, Ерик Тен Хаг не е задоволен од играта на Данецот Расмус Хојлунд, за кого клубот од „Олд Трафорд3 потроши 70 милиони фунти.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО