Фудбалската селекција на Црна Гора успеа да забележи победа со 1:0 против нашата репрезентација на пријателскиот натпевар одигран во Анталија, Турција. Црна Гора дури девет години ја чекаше можноста за да ѝ се реваншира на Македонија за убедливиот пораз од 4:1. Селекторот на Македонија Благоја Милевски, изврши три замени од стартниот тим со кој го започна натпреварот со Молдавија во петокот.
Против Црна Гора на клупата за резерви останаа Илјазовски, Серафимов и Милан Ристовски, а шанса од стартот добија Зајков, Велковски и Костадинов, со тоа што Елмас и Миовски беа во нападот во формацијата „3-5-2“. Во првиот дел Македонија имаше повеќе од играта , но не успеа да реализира со неколку удари од далечина, а Црна Гора знаеше да го казни тоа и во 45.та минута по корнерот кој беше изведен Стефан Јоветиќ успеа со глава да ја смести топката во голот на Димитриевски и да и донесе предност на својата репрезентација.
На стартот на вториот дел и двајцата селектори, Милевски и Просинечки направија неколку измени, но немаше промена на резултатот до крајот на натпреварот. Така македонија овие контролни средби во Анталија ги завр[и со еден пораз од Црна Гора (0:1) и нерешен резултат со Модлавија (1:1). Нашата репрезентација следните натпревари ќе ги одигра во јуни, а шанса за поправен ќе има против Хрватска и Чешка, и двата натпревари ќе се играат на теренот на противникот.