Јоро откри со кој играч од Јунајтед во минатото го споредувале

Лени Јоро со само 18 години го зголеми интересот за него кај големите агенти и тоа конечно му вроди со плод ова лето, потпиша со Манчестер Јунајтед.

Јоро беше купен за 60 милиони евра, а ако се верува на неговите први зборови, тој секогаш знаел дека еден ден сака да заигра на Олд Трафорд.

– Манчестер Јунајтед е најголемиот клуб во светот, за мене е сон да заиграм за овој дрес, навивачите се неверојатни. Разговарав со Тен Хаг, тој ме убеди дека треба да потпишам за Јунајтед. Тој ги сака своите играчи и им посветува внимание, па затоа, кога ќе излезам на терен, знам дека сакам да бидам подготвен да одговорам на предизвикот, порача Лени Јоро.

Тој откри и со кого го споредувале во минатото.

  • Не знам зошто, но многумина ме споредуваа со Луис Нани, тој е сепак напаѓач, а јас дефанзивец, но ете, сум бил сличен со него. Некогаш го следев неговиот стил на играч неговите дриблинзи, ми беше омилен, се надоврза Јоро.

Тој го напушти Лил и се пресели во Манчестер, иако дури имаше за него интерес и од Реал Мадрид, но на крајот сепак потпиша со „црвените ѓаволи“ и е импресиониран од она што го гледа на првите тренинзи во клубот од Манчестер.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО