Јокиќ не запира, нов трипл-дабл во победата над Бруклин (ВИДЕО)

Кошаркарите на Денвер Нагетс го совладаа Бруклин Нетс со 124:105 во натпреварот од регуларниот дел од НБА лигата. Никола Јокиќ одигра уште една исклучителна партија, забележувајќи го својот 145. трипл-дабл во регуларниот дел од сезоната.

Предводен од Србинот, Денвер успеа да извојува уште една рутинска победа иако Бруклин одлично го отвори натпреварот.

Нетси во првата четвртина влегоа расположени, при што постојано беа во предност. Во следниот период Нагетс го запреа шутот за три поени на противникот, ограничувајќи го само на еден од 14, што брзо се одрази на резултатот, а избраниците на Мајк Мелоун на полувремето заминаа со предност од 65:59.

Во третата четвртина Бруклин продолжи да промашува со три поени, па домашните стигнаа до максимални 22 поени во однос на ривалот. Кога Јокиќ и Вестбрук беа седнати на клупа, Нетси успеаја да ја намалат разликата и да влезат во последната четвртина со негатива од 15 поени.

Тогаш се чинеше дека мечот е веќе завршен, но избраниците на Жорди Фернандез дојдоа на пет поени негатива – 97:92, што го принуди Мајк Мелоун да го врати Јокиќ во игра кога се чинеше дека повеќе нема да влезе во него.

Со најдобриот играч на светот, домаќинот во „Бол Арена“ успеа да врати голема разлика и на крајот рутински да триумфира.

 

НБА, РЕЗУЛТАТИ

Индијана – Голден Стејт 108-96

Орландо – Милвоки 106-109

Филаделфија – Њу Орлеанс 115-123

Бостон – Сакраменто 97-114

Њујорк – Оклахома 101-126

Чикаго – Вашингтон 138-105

Денвер – Бруклин 124-105

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО