Јирген Клоп: Ако не успееме, тогаш ајде да пропаднеме на најубав можен начин!

Во второто по квалитет клупско фудбалско натпреварување, Лига Европа (ЛЕ), вечерва се играат реванш четвртфиналните натпревари. Еден од поинтересните мечеви би требало да одигра во Бергамо, каде што Аталанта го пречекува Ливерпул, кого го нокаутира на првиот натпревар на „Енфилд“, победувајќи го 3:0.

Менаџерот, Jирген Клоп се надева дека Ливерпул може да стори нешто налик на мечот со Барселона во мај 2019 година, во Лигата на шампиони (ЛШ) кога ја анулира негатива од 0:3 од првиот меч, победувајќи во реваншот со 4:0.

Клоп  рече дека сè уште нема планирано мотивациски говор, но и оти е можно да ја искористи таа блескава вечер на „Енфилд“ како референтна точка, иако вечерва ќе ја нема поддршката од домашната публика.

– Обично не ги подготвувам тие работи. Се сеќавам дека тогаш пред мечот на играчите им реков: „Ако не успееме, тогаш ајде да пропаднеме на најубав начин“. И повторно гледам така на тоа. Сакаме да го добиеме натпреварот. Ако сакаме да победиме, треба да одиграме добро. Ако одиграме добро, имаме шанса да победиме.

Ќе видиме кој подобро ќе се справи со ситуацијата. Ако Аталанта мине, тогаш ќе го заслужи тоа. Ако не, тогаш ќе се случи нешто посебно, изјави Клоп.

Во италијанскиот дуел Рома е домаќин на Милан. „Волчицата“ има предност од еден гол од првиот натпревар (1:0) и барем на хартија, поблиску е до полуфиналето. Олимпик Марсеј кој е во лоша форма, и е во серија од пет порази по ред, со само три постигнати гола, ја пречекува Бенфика која триумфира со 2:1 во Португалија.

Вест хем ќе има тешка задача да направи пресврт против новиот германски шампион Баер Леверкузен. „Чеканите“ треба да ја надоместат негативата од два гола (0:2), што им ја отежнува задачата. Тимот на Чаби Алонсо атакува на историска тројна круна, откако веќе освои еден трофеј, а се пласираши во финалето на Купот на Германија

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО