Јастремска втора квалификантка, полуфиналистка во историјата на АО

Украинката Дајана Јастремска рече дека е „убаво да се испише историја“ откако ја победи Линда Носкова од Чешка со 6:3, 6:4 и стана првата квалификантка по Австралијката Кристин Дори во 1978 година, која стигнала до полуфиналето на Австралија опен.

За Јастремска која е 93-та на ВТА ранг листата, тоа ќе биде прво полуфинале на еден грен-слем турнир.

– Убаво е да се испише историја бидејќи во тоа време не бев ниту родена, јас сум 2000 година. Јас сум супер среќна, иако и многу уморна, изјави Јастремска која победи на осум меча по ред на турнирот.

Јастремска ја делат две победи за да го повтори подвигот на Британката Ема Радукану која е единствената квалификантка во тениската историја што освоила голема титула, на САД опен во 2021 година.

На патот до завршницата Јастремска ги победи грен-слем шампионките Маркета Вондрушова и Викторија Азаренка. Носкова пак ја елиминира првата светска тенисерка, Ига Швјатек.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО