Јапонија предводена од ѕвездата на Вардар го понижи противникот на најлош можен начин: Тешко е дури и да се погледне на семафорот

Јануари е резервиран за ракометни возбудувања. Покрај Европското првенство во Германија, во Бахреин се игра и Азиското првенство кое нуди интересни резултати.

Поточно, денешниот резултат може да се категоризира како нереален бидејќи Јапонија за која игра ѕвездата на Вардар, Косуке Јасухира немаше милост кон Индија. Во третото коло од групата Ц, Јапонија ја совлада Индија со 59:11, дури може да кажеме дека ја понижи.

Во првото полувреме Јапонците поведоа со 27:6, а во второто беше 32:5. Така, Јапонците постигнуваа голови речиси секоја минута

Индија е тотален аутсајдер на ова првенство и најслаба селекција, сепак сакаат да работат на промоција на ракометот во својата земја.

Сè уште се далеку од сериозна селекција, но учеството на континенталните турнири секако им помага во нивниот развој иако резултатите се многу лоши.

Јапонија со денешната победа обезбеди пласман во второто коло, а ќе им се придружат Саудиска Арабија или Ирак кои играат во директна пресметка.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО