Јапонецот се повлече од професионалниот фудбал

Макото Хасебе кој помина 10 години во екипата на Ајнтрахт Франфурт, замина во пензија. Тоа го потврди германскиот фудбалски состав на официјалниот веб-сајт.

 

Јапонскиот дефанзивец се пресели во Ајнтрахт во летото 2014 година од составот на Нирнберг. 40–годишниот стопер одигра 384 натпревари во германската Бундес лига и се израмни со Полјакот, Роберт Левандовски, поранешниот напаѓач на Борусија Дортмунд и Баерн Минхен.

 

Рекордот за најмногу мечеви во Бундес-лигата кога станува збор за странци, го држи Клаудио Пизаро кој играше за Вердер, Келн и Баерн Минхен. Тој има 490 натпревари.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО