Некогашниот голем потенцијал на Манчестер јунајтед, Аднан Јанузај (29) следната сезона ќе го носи дресот на шпанскиот прволигаш, Лас Палмас.
Клубот од Канарските Острови го позајми играчот од средниот ред од Севилја до крајот на сезоната 2024/25.
Белгиецот, Јанузај кој дојде во Севилја како слободен играч во 2022 година настапуваше за Манчестер јунајтед во 2015 година, по што замина во Борусија Дортмунд.
Потоа, во два наврата, тој се враќаше на Островот, пред да замине во Шпанија, во Реал сосиедад и Севилја, а една сезона беше и во Турција.