По повод големиот празник Илинден, Охрид по 45. пат беше домаќин на „Илинденскиот маратон“ на кој најдобри беа Сара Јанковиќ од ПК Скопје и Петар Цеков од ПК Вардар.
Јанковиќ го преплива малиот маратон со време од 32:18.68 минути, а заврши пред сестрите Јована Неделковска и Ивана Неделковска од ПК Скопје.
Во машка конкуренција прв заврши Петар Цеков, со време 29:19.53 минути. Зад него финишираа Кристијан Стојановски од ПК Скопје и Теодор Тасески од ПК Вардар.
Маратонот се одржа во организација на Клубот за спортови на вода „Охридски бранови 2008“ , а е под покровителство на Советот на Општина Охрид.