Јакин: Не мора да ја победиме Германија

Репрезентацијата на Швајцарија во Франкфурт вечерва се среќава со домаќинот на ова ЕП, селекцијата на Германија во последниот меч од групата „А“.

Селекторот на Швајцарците, Мурат Јакин изјави дека го има комплетниот ростер на располагање за овој меч и очекува силна битка.

– Сите мои играчи се располагање. Нема да чувствуваме голем притисок затоа што не мора да победиме. Ќе се обидеме да го мачиме противникот, да му направиме проблеми и да одиграме добар натпревар. Ќе биде интересна средба. Сакаме да дадеме се од себе. Повеќе од две третини од нашиот тим играл клупски фудбал во Германија и сакаме да ги направиме горди швајцарските навивачи. Германија е многу силна репрезентација и стилот на игра на Нагелсман е обмислен до последен детаљ. Имаме аналитичари кои ги проучуваат потенцијалните противници и можам да кажам дека нема слаби тимови, смета Јакин.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО