Ивановски втор на полумаратонот во Мајами, следува маратонот во Севилја

Најдобриот македонски атлетичар и државен рекордер во повеќе дисциплини, Дарио Ивановски, го освои второто место на полумаратонската трка во Мајами, САД со одлично време, 1:05;17 часа.

Топлото време (27 степени) беше главната пречка што Ивановски не успеа да го собори македонскиот, воедно и личен рекорд од 1:04;45 часа.

Настапот во Мајами за Ивановски беше загревање пред следниот голем предизвик, маратонот во Севилја, Шпанија на 18 февруари. Ивановски во декември на маратонот во Валенсија, забележа одличен резултат, во време на нов македонски рекорд, 2.11;51 часа со што го трасира патот за учество на најмоќните светски маратони.

Во годинашната, јубилејна, 10-та сезона, главна цел на Ивановски е оставарување на големиот сон, настап на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз.

Заради тоа тој и неговиот тренер и менаџер Игор Јакимовски решија сезонава да не настапува во сала, туку само на отворено, во дисциплината маратон.

Ивановски, поранешен член на Атлетскиот клуб (АК) Делта, од 2019 до 2022, а од лани на АК Корранерс од Скопје, последниве години без конкуреција е атлетичар број 1 во Македонија за што сведочи фактот дека е државен рекордер во дури девет дисциплини, од 1.000 метри па до маратон!

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО