Поранешниот тренер на Новак Ѓоковиќ, Хрватот Горан Иванишевиќ, истакна дека воопшто не е изненаден од тоа како одиграл Шпанецот во финалето на Вимблдон.
Тој смета дека Алкараз има што да понуди допрва и дека ќе биде успешен во иднина.
– Да, но и не сум изненаден, мора да се знае дека Алкараз е 16 години помлад од Новак Ѓоковиќ, кој го оперираше коленото пред три недели. Алкараз едноставно беше предобар во финалето, за жал, малку ме изненади во првите два сета. Мора да се признае дека беше предобар и дека беше доминантен, но ова не е крајот за Новак Ѓоковиќ дефинитивно, порача Иванишевиќ.
Многумина го прашуваа во иднина дали се гледа повторно како тренер на српскиот тенисер, но тој секогаш нуди дипломатски одговори или воопшто не одговара на тоа.