Иван Галевски по процент е еден од најдобрите голмани на СП до 21 година

Иван Галевски, кој влезе во конкуренција на голмани со најдобар процент на одбрани на СП до 21 година,

Се работи за листа на голмани кои се статистички најдобри по процент на одбрани, а кон својот гол имаат најмалку 100 шута.

Најдобар голман во тој параметар беше Леон Теодор Бергман од Австрија, кој имаше успешност од 38,5% (91/236), па следеше Хенрик Ибсен од Норвешка, со 36,3% успешност (69/190).

На третото место е Иван Галевски кој има процент на одбрани од 33% – фатени се 46 топки од 139 шута.

По него следат Тин Херцег од Хрватска со 32,9% (56/170) и Гончало Моргадо од Португалија со 32,7% (35/107).

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО