Иван Чупиќ ќе го продолжи договорот со Вардар, откако со клубот постигна договор за продолжување на соработката, информираше претседателот на „црвено-црните“, Михајло Михајловски.
Чупиќ со Вардар ја освои двојната круна и го водеше тимот до четвртфиналето на ЕХФ Европската лига, потврдувајќи ја својата важна улога во тимот.