Интернационалната тениска федерација (ИТФ) денеска објави дека над 100 милиони луѓе ширум светот играат тенис.
Во извештајот на ИТФ се наведува дека 106 милиони луѓе ширум светот играле тенис барем еднаш минатата година, што е за 25 отсто повеќе отколку во 2019 година. ИТФ очекува да им се придружат уште 30 милиони нови играчи.
Вкупниот број жени кои играат тенис се зголемил за осум проценти. Но, во 2019 година жените што играат тенис биле 47 проценти од вкупниот број тенисери во светот, а сега се 40 проценти.
ИТФ објави дека вкупниот број тренери е зголемен за 13 отсто и дека 24 отсто од тренерите се жени, а во 2019 година биле 20 отсто.
Директорот за развој на ИТФ, Лука Сантили, рече дека „нема конкретна причина“ за падот на женското учество меѓу играчите и дека очекува зголемувањето на женските тренери да помогне да се привлечат повеќе жени во тенисот.